Топол бран во Македонија - метеоролозите имаат убави вести

Југозападните предели од Европскиот Континент односно Шпанија е зафатена од невообичаено топол бран и тоа од северните предели на Африка и истиот ќе донесе температури дури и над 30 степени, информира метеорологот Славчо Попоски. Истиот ваков бран во текот на следните денови ќе пристигне и кај нас, но со помал интензитет, но сепак ќе донесе невообичаено високи температури на воздухот кои речиси насекаде ќе се искачуваат над 20 степени. Во централните и во југоисточните предели истите се очекува да се искачат до околу 30 степени.

Со ова температурите на воздухот кај нас влегуваат во оние вредности кој ќе бидат повисоки од нормалните дури за околу десет степени, а поради Сахарската прашина и песок времето ќе биде релативно мачно и спарно и тоа особено за метеопатите.

Ова е сепак нормална појава за нашиот дел од Европа во овој дел од годината и знае да се појави често поради тоа што сме на директен удар на топлите бранови од јужните географски широчини, односно од северните предели на Африка.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.10.2019 - 21:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега