Тортевски: Во СЈО ги следеле кога влегле, излегле, со кого се сретнале и со кого ручале

Адвокатот Александар Тортевски, кој своевремено извесен период беше ангажиран како советник на некогашното Специјално јавно обвинителство, смета дека поранешните специјални обвинители треба да останат ангажирани на предметите кои почнале да ги водат додека постоеше СЈО, пренесува Фактор.

Во вчерашното гостување на Телевизија 24, Тортевски рече дека никому не треба да му биде проблем што вработените во некогашното СЈО „ќе се вдомат“, бидејќи тие луѓе своевремено си ја ставале главата во торба.

Тој откри и за тетратката која беше пронајдена, а која ја пополнувал поранешен вработен во ДБК. 

„Во таа тетратка беше точно наведено и запишано кој од СЈО кога влегол, кога излегол, каде отишол, со кого се сретнал, со кого и каде ручал, буквално им се следел секој чекор на тие луѓе. Тоа беше за време додека се уште владееше ВМРО-ДПМНЕ. Многу е непријатно да дознаете дека така сте биле следени“, рече Тортевски.

Тој се осврна и на бонусите кои ги добивале поранешните специјални обвинители, за кои доживеаја критики во јавноста, а неговиот став е дека „кој е тој вработен што ги враќа бонусите кога ќе му ги даде неговиот шеф“, а со оглед и на фактот што често работеле до 6 или дури и до 7 часот наутро.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.01.2020 - 08:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега