Трагедија: Бебе почина во Битола

 

Вчера во Клиничката болница Битола било донесено починато неколкумесечно бебе.

„На 27.11.2022 во 08.40 часот во СВР Битола, од Одделението за педијатрија при Клиничката болница Битола било пријавено дека кај нив било донесено починато неколкумесечно бебе. Бил извршен службен разговор со дежурниот лекар кој изјавил дека бебето имало повеќе здравствени проблеми. Во службен разговор, родителите Н.Г. и Ј.Г. изјавиле дека во 07.00 часот бебето било без знаци на живот, по што го донеле во болница“, информираат од МВР.

По наредба на Јавен обвинител над телото на бебето ќе се врши обдукција.

28.11.2022 - 16:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега