Трагедија: Млад мотоциклист загинал во сообраќајка во тетовско

 

Млад мотоциклист загинал во сообраќајка во тетовско.

„На 13.07.2020 во 23.00 часот било пријавено дека на локалниот пат с.Палатица -  Желино се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.И.(23) и мотоцикл „јамаха“, без регистарски ознаки, управуван од А.Ј.(33), двајцата од село Палатица тетовско.

По незгодата, мотоциклистот бил пренесен во Клиничката болница Тетово, каде што починал“ соопштуваат од полиција.

Извршен бил увид на местото на незгодата од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.07.2020 - 11:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега