Трагедија на Бадник: Жена доживеала несреќа, па починала во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“

Седумдесет и деветгодишна кумановка почина откако била удрена од автомобил на магистралниот пат Куманово- Крива Паланка.

– По незгодата Б.М. била пренесена во Ургентен центар Куманово каде и била констатирана тешка телесна повреда по што во Комплекс клиники„Мајка Тереза“ во 23:30 часот починала, информира денеска МВР.

Собраќајната несреќа се случила вчера во 17:20 часот на местото викано „Ливади“. Во жената удрило возило „цитроен берлинго“ со кумановски таблички управувано од Љ.М. (66).

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.01.2021 - 13:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега