Трагедија на патот Велес-Прилеп: Возило излета од патот, маж почина како последица од повредите

 

Момче загинало во сообраќајна несреќа која се случила на регионалниот пат Велес-Прилеп.

-Вчера во 22:30, во атар на село Присад, прилепско, патничко возило „фолксваген голф”, со прилепски регистарски ознаки, управувано од 26-годишната Д.Ш.од Прилеп, излетало од патот. Во незгодата, сопатникот 35-годишниот М.Х. од Прилеп се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Прилеп, каде потоа починал. Додека, пак, Д.Ш. се здобила со телесни повреди. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на Полициската станица Прилеп - информира МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.07.2020 - 11:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега