Трагедија што БиХ и Хрватска не ја забораваат: Oсум млади луѓе ги загубија животите на новогодишната прослава

 

1 јануари 2021 година засекогаш ќе остане во срцата на жителите на Посушје како ден на тага. На тој ден осум млади лица загинаа како последица од труење со јаглероден моноксид во викендичка во Трибистово.

Четири девојчиња и четири момчиња се отруле со јаглероден моноксид првиот ден од 2021 година во викендичка во Трибистово, општина Посушје. Таа страшна трагедија ги обви во темнина Босна и Херцеговина и Хрватска. Животот го загубија осум млади лица, односно 19-годишните Мирела Резо, Стјепан Јукиќ, Иван Миличевиќ, Стипе Ромиќ, Жана Павковиќ, Миа Солдо, Стипе Павковиќ и Марија Павковиќ.

Со нив во викендичката, која ја изнајмиле за новогодишната прослава, бил и уште еден млад човек, кој единствено го преживеал тој судбоносен пречек бидејќи наутро морал да оди на работа, па не останал да спие. Според полицискиот извештај, тој заминал во 3.30 часот, а другите планирале да преноќат во викендичката за да си одат дома одморени наутро. Повторно не се разбудија.

На пријателите и родителите им било сомнително што никој не им се јавил утрото по новогодишната прослава. Родителите успеале да стапат во контакт со соседите до викендичката, а еден од нив скршил прозорец за да влезе во куќата. Но, кога ја отворил вратата, видел страшна глетка. Осум млади луѓе, од кои повеќето ги познавал, седеа неподвижни на каучот или на подот. Тој повикал полиција и брза помош, која, кога пристигнала на местото на несреќата, можела само да констатира смрт.

02.01.2024 - 15:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега