Трагедија во Брчко: Шестмина загинати во пожар - децата се спасувале во последен момент

Шест луѓе загинаа, а неколку се повредени во пожар во станбен објект во Брчко. Повредените се пренесени во болница каде им се укажува лекарска помош.

Локалните медиуми јавуваат дека пожарникарите при нивната интервенција успеале да спасат четири деца од првиот кат од објектот.

Причините за пожарот засега не се познати, а пожарот избувнал рано изутрина околу седум часот.

23.10.2021 - 11:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега