Трагедија во домот на Таравари: „Столбот на нашето семејство се сруши“

Гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари на својот Фејсбук профил напиша дека починал неговиот татко.

„Почитувано семејство и драги пријатели, по напорната битка од неколку недели, татко ми не можеше да се справи со болеста. Тој беше херој на секоја војна и секоја битка што ја поминав во животот. Столбот на нашето семејство се сруши, нашиот херој почина оставајќи празнини и длабока болка во нашите срца, празнини кои никогаш нема да бидат пополнети! Татко ми повеќе нема да биде физички меѓу нас, но секогаш ќе биде присутен во нашите срца и молитви. Копнежот и љубовта кон него никогаш нема да згаснат! Ова беше одлука на Господ и на нас е да се согласиме со одлуката и да се молиме на Бога да го закрили нашиот татко под неговата милост! Погребот ќе се одржи денес (петок) на старите гробишта, по петочната молитва.“, напиша Таравари.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.05.2021 - 19:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега