Трагедија во Кавадарци: 42-годишен маж пронајден мртов во викендичка

 


Кавадарчанец синоќа бил пронајден починат во викендичка, телото е дадено на обдукција, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.

- Во 22:45 часот во ОВР - Кавадарци, И.Д., 42-годишен кавадарчанец, пријавил дека во неговата викендица на Тиквешко Езеро во Кавадарци го пронашол починат неговиот пријател С.С., на 46-годишна возраст, појаснија од СВР - Велес.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а увид извршил јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР - Кавадарци. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција. 

04.09.2025 - 15:58

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега