Трагедија во Ломбардија: Се урнал кров, загинале мајка и син и бебе од 15 месеци

Во рушењето на дел од кровот во некогашен индустриски објект во местото Албицате во Ломбардија денес загинале три лица, а најмалку едно лице било повредено.

На самото место загинале 38-годишна мајка и петгодишен син, а починало и 15-месечно бебе кое со хеликоптер било префрлено во болница со тешки повреди. 

Повредена била и 42-годишна жена, која се наоѓа во болница, но не е животно загрозена.

Агенцијата "Анса" наведува дека некогашниот индустриски објект, чиј дел од кровот се урнал, се наоѓа спроти супермакерет, во близина од центарот на Албицате со околу 5.000 жители.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.06.2020 - 12:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега