Трагедија во Македонија: Пронајден мртов маж

Безживотно тело на 67 годишен маж е најдено покрај пат во тетовското село Рогачево вчера околу 16 часот.

СВР Тетово информира дека на телото немало траги на насилство, но јавен обвинител дал наредба да се направи обдукција.

- На патот во селото Рогачево бил пронајден починат Г.К.(67) од Скопје. Од лекар од итна медицинска помош во Тетово била констатирана смрт, без траги на насилство. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција, информираа денеска од службата за односи со јавноста при СВР Тетово.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.10.2019 - 14:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега