Трагедија во Македонија: Прво доживеал сообраќајка, па починал од срцев удар

Маж починал од срцев удар, откако претходно доживеал сообраќајна несреќа, информира МВР.

„На 03.08.2021 во 21:00 часот на магистралниот пат Граничен премин Блаце -Скопје, 55-годишниот Н.Б. од Приштина, управувајќи товарно возило „ман“ со полуприколка, со косовски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Н.Б. бил пренесен во Градска општа болница „8 Септември" за укажување на лекарска помош, но починал од срцев удар. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје“, соопшти полицијата.

04.08.2021 - 11:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега