Трагедија во Србија: Наставничка по математика загинала додека со своето бебе се враќала од лекар

Триесетгодишната Бранка Јовчин изгубила контрола над својот автомобил „цитроен“, излетала од патот во Бела Црква и настрадала на местото на настанот, додека нејзиното 2-месечно бебе било неповредено.

Наставничката по математика загинала вчера во сообраќајна несреќа во Бела Црква, откако со својот автомобил излетала од патот и удрила во бетонски ѕид. Како што дознава Курир.рс, младата жена во тој момент се враќала од Домот за здравје со своето бебе, на возраст од 2 месеци.

За среќа, бебето поминало без тешки повреди. Очевидци велат дека „цитроенот“ не возел брзо, но дека забележале како нестабилно се движи и криви по улицата.

Бранка освен малото бебе има уште едно дете. Како причина за несреќата се наведува тоа дека на младата мајка ѝ се слошило за време на возењето.

Нејзините сограѓани за неа имаат само пофални зборови, а на социјалните мрежи се збогуваа од неа со емотивни пораки.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.07.2020 - 09:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега