Трагедија во Србија: „Зошто мене не ме уби“ - очаен таткото на момче кое загинало од струен удар

Давид беше добро дете, одличен ученик и вреден, рекол 47-годишниот Зоран Нинков, неутешниот татко на момче кое денеска настрадало од струен удар во семејната куќа.

Скршен од болка и тага по своето дете, Зоран раскажал како дошло до трагедијата. Додека поставиле метален носач на настрешницата од вратата, Зоран со електрична бормашина направил дупна од надворешната страна, а Давид од внатре се обидувал да постави завртка и во тој момент дошло до струен удар.

-Падна на земја. Се обидував да му помогнам, ги викнав соседите...Набрзо стигна Брзата помош, но за жал, за моето дете немаше спас - рекол таткото за Новости Србија.

Како што додава, внатрешноста од просторијата на објектот во дворот кој го реновирале била опшиена со ламперија така што не се гледало дали и каде над вратата поминува некаков електричен кабел.

-Зошто струјата не ме уби мене, наместо мојот Давид. Што ќе правиме без него. Целото училиште плаче. Беше омилен меѓу другарите - рекол Зоран.

Во куќата на семејството Нинков пристигнуваат соучениците на Давид кој бил седмо одделение.

-Нашиот Давид сакаше да свири акустична гитара. Одеше на часови и кај професор во Бачка Паланка. Сега веќе нема да го слушаме музицирањето во нашата куќа - рекла сестрата на Давид.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.10.2019 - 22:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега