Трагедија во Тимјаник: Внук го пронашол својот дедо нагмечен од трактор

 

Маж починал на лице место откако додека управувал со трактор, возилото се превртело и го нагмечило.

-Вчера во 20:20 часот во Полициска станица Неготино, Ѓ.В.(52) од село Тимјаник пријавил дека во место викано„Бели Брест“ во близина на неговиот лозов насад од страна на Ј.М. сожител од с.Тимјаник бил пронајден неговиот дедо С.Р.(70) од село Тимјаник со превртен трактор без знаци на живот. На местото на настанот излегла увидна екипа од Полициска станица Неготино и доктор од итна медицинска помош Неготино при што констатирале дека при излегување од нива кон колскиот пат со мала удолница тракторот се превртел, и С.Р. бил потиснат од возилото. Од доктор биле констатирани повреди од кои лицето починало. За настанот е запознаен јавне обвинител - информираше МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.07.2020 - 14:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа