Трагедија: Загина Коби Брајант

Коби Брајант, една од најголемите ѕвезди во кошарката и спортот, го загуби животот во трагедија, јавува ТМЗ, Лос Анџелес Тајмс и други светски медиуми.

Патувајќи со својот приватен хеликоптер, тој заедно со уште четири лица загинал откако хеликоптерот се срушил. 

„Свесни сме за вестите што кружат за Коби Брајант, наскоро ќе ве известиме со детали“, објави „Лоса Анџелес Тајмс“ на својата интернет страница.

Иако екипите з апомош веднаш пристигнале, не можело да се направи ништо, а сите патници биле веќе починати.

Досега од полицијата во Лос Анџелес потврдуваат дека пет лица загинале во хеликоптерска несреќа, без детали и имиња.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.01.2020 - 21:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега