Трајанов: ВМРО-ДПМНЕ нема да го бојкотира законот за една изборна единица

Со една изборна единица граѓаните можат да бираат за кого може да гласаат така ќе се збогати понудата на карди, вели лидерот на Демократскиот Сојуз, Павле Трајанов.

Тој посочува дека овој предлог-закон е поддржан од 94 пратеници.


-Како што стојат работите сега 94 пратеници се „ЗА“, Македонија да биде една изборна единица. И од СДСМ декларативно се изјаснија дека се „ЗА“ и ВМРО-ДПМНЕ излезе со став дека ќе гласаат „ЗА“ овој закон и нема да го бојкотира. Имаме и начелен договор со ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го бојкотираат овој закон, вели Трајанов.

13.05.2022 - 12:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега