Трајанов за процесите со Бугарија: Главните прашања ги оспоруваат со негација на македонскиот народ и јазик
Главните прашања кои ги оспоруваат со негација на македонскиот народ и јазик, тоа е една лоша геноцидна политика кон еден народ и не смееме да го дозволиме. Треба да бидеме мудри и трпеливи и да не брзаме, рече Павле Трајанов, лидер на Демократскиот сојуз во емисијата 24 анализа во однос на процесите со Бугарија.
Според него она што се случува сега е рефлексија и на Договорот со Грција, зошто и таму сме напраиле отстапки.
– Кога Бугарија виде дека може да се разрешат некои прашања, тогаш почнаа тие процеси тезата за Живков дека сме дел од Бугарија, со години таа теза живее во Бугарија и со децении се гради дека ние сме еден народ со две држави. Јас сум умерен оптимист. Не гледам суштинско придвижување на процесите, вели тој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа