Трајановски: Владата на Заев полна заплашувања и криминал мора да падне

       

    ВМРО-ДПМНЕ продолжува со акцијата „Разговори за обнова на Македонија“. Ме радува големиот одѕив  на народот на овие средби коишто ги има ВМРО-ДПМНЕ. Ние мораме да го вратиме достоинството на народот во Република Македонија. Ова го вели Коце Трајановски.

- Мора да престане агонијата  која што  ја има во Република Македонија. Мора оваа власт да си замине, бидејќи го сруши достоинството на народот во Република Македонија. Тие владеат со страв, со заплашување, го потценуваат народот, а народот масовно се иселува. Ние затоа ќе ја обновиме Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на следните избори. Победата на ВМРО-ДПМНЕ на следните избори ќе значи враќање на државата на народот. Владата на Заев мора да падне. Мора да падне поради тоа што нема реформи, има многу рекет, криминал, неработење. Затоа ВМРО-ДПМНЕ кога ќе дојде на власт ќе ја обнови Република Македонија, вели тој.

Се осврна и на датумот за ЕУ:

- Што се однесува до датум за преговори на Република Македонија со Европската Унија , ВМРО-ДПМНЕ и сите граѓани го посакуваме тој датум, меѓутоа тешко се добива датум за преговори доколку во државата нема реформи,  пред се судски реформи,   доколку има рекет,  криминал,  непотизам и неработење, вели Трајановски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.10.2019 - 19:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега