Трајановски: Вложувањата во Сарај ќе продолжат и во иднина

Градот Скопје обрнува големо внимание на Сарај. Со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт во Скопје, односно со мојот избор за градоначалник од нивните редови, почнуваат градбите во општина Сарај, а подолг период пред тоа немало скоро никакви градби, истакна градскиот татко Коце Трајановски на денешната трибина во Сарај, која е дел од кампањата „На Македонија и треба твојата идеја”.

-Во 2009 година се направи патото Рашче- Копаница во должина од еден километар, втората година 2010 се направи патот од Крушопек до Лака, третата година направивме уште еден пат, сите по еден километар и четвртата година 2012 го направивме мостот Сарај, мост кој долги години беше рак рана на општина Сарај, мост кој претходни градоначалници не успејаа да го направат, ние го направивме со средства исклучиво од буџетот на Град Скопје- 97 милиони денари, истакна Трајановски.

Градоначалникот на Град Скопје најави дека вложувањата во општина Сарај продолжуваат и во иднина.

 
 
15.01.2016 - 20:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега