Трактор удрил во деветгодишно дете – со тешки повреди детето е пренесено во болница

30-годишен маж од селото Беловиште со трактор удрил во деветгодишно дете од Штип.

-Вчера во 17.20 часот било пријавено дека на локалниот пат во с.Беловиште, тетовско, трактор „ИМТ 539“, со гостиварски регистарски ознаки, со прикачена преса за балирање, управуван од К.Ф.(30) од с.Беловиште, удрил пешак на возраст од девет години од Штип. Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани  во Медицинскиот центар Гостивар, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош, велат од МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.07.2020 - 10:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега