Трамп го нарекувал „пропаднат шпион“, но не можел да забрани на ќерка си да го сака

Некогашниот агент на британската разузнавачка служба MI6, Кристофер Стил имал “лична врска“ со Иванка Трамп.

Toj го открил и долгоочекуваниот извештај на генералниот инспекторат на американското министерство за правда, Мајкл Хоровиќ.

Прегледот на Хоровиќ од ФБИ истрагата за изборната кампања за американскиот претседател Доналд Трамп од 2016-та година, открил нови детали за врската на Стил со ФБИ, но и тврдењата дека тој бил во врска со Иванка Трамп пред да биде објавено контроверзното досие за американскиот претседател.

Трамп неколку пати го нападнал поранешниот агент на MI6 поради улогата која ја одиграл во обвиненијата во врска со мешањето на Кремљ во кампањата за претседателските избори 2016-та година.

Агентот наводно го изнел и тврдењето кое се однесувало и на подводување на проститурки во Москва. Сите обвиненија претседателот ги негирал.

Во извештајот Иванка не е наведена по име, но нејзиниот идентитет е откриен понатаму, пишуваат од “The Guardian“.

Како што се наведува, Стил признал дека ја посетувал Иванка Трамп и дека “пријателството“ со неа траело неколку години. Нивниот однос го опишал како “личен“.

Иванка, наводно дискутирала за работа која фирмата на Стил “Orbis Bussines“ би можело да го следи семејниот бизнис на семејството Трамп.

“ABC News“, кои први ја објавиле оваа вест, побарале коментар од Иванка, Стил и Белата куќа, но не добиле ништо.

Трамп и луѓето од неговата политичка партија, поранешниот MI6 агент го опишале како негативец од кога јавноста дознала за неговата улога во создавањето на спорното досие.

Претседалетот го нарекол “глупав“ и “пропаднат шпион“, а неговото досие “лажно“.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.12.2019 - 18:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега