Трамп и Ердоган повикуваат на прекин на огнот ширум светот

Претседателите на САД и Турција се согласија за важноста земјите во конфликт, како што се Сирија и либија да воведат прекин на огнот за време на светската криза од вирусот Ковид-19.

-Претседателите Трамп и Ердоган се согласија дека сега поважно од кога и да е земјите во конфликт, особено Сирија и Либија, да воведат прекин на огнот и да работат на решение. Трамп и Ердоган исто така се договорија заедно да делуваат во меѓународна кампања во борба против вирусот и во подршка на светското стопанство, се вели во соопштението.

Двајцата претседатели пред околу еден месец ги повикаа Сирија и Русија да ја запрат офанзивата во сириската провинција Идлиб.

Последните денови поради пандемијата од коронавирусот се споменува прекин на огнот на Филипините, Камерун, Јемен и Сирија откако генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш повика на прекин на огнот на светско ниво.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.03.2020 - 19:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега