Трамп ѝ се закани на Кина: Ќе реагираме силно

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека САД ќе реагира силно ако Кина го спроведе планот да воведе нов закон за национална безбедност во Хонгконг.

Тој ова го изјави само неколку часа откако неименуван кинески претставник најави носење Закон за Хонгконг како одговор на минатогодишните насилни протести и најтешки немири од враќањето на Хонгконг под суверенитет на Кина во 1997 година.

Преставникот изјави дека со законот ќе бидат забранети мешањето од странство, тероризам и сите други сепаратистички активности кои се насочени на рушење на централната власт.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.05.2020 - 20:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега