Трамп на Флорида: Гласав за маж кој се вика Трамп, ова беше голема чест

Претседателот на САД, Доналд Трамп гласаше на Флорида, предвреме, за изборите за претседател на Америка.

„Штотуку гласав! Голема чест“, напиша Трамп на Твитер.

Претседателот пред новинарите рекол дека „гласал за некој маж кој се вика Трамп“, после што сите се насмеале.

Да потсетиме, американските претседателски избори ќе се одржат на 3. ноември, а граѓаните имаат прилика да гласаат за демократијата на Џо Бајден и републиканците на актуелниот претседател Доналд Трамп.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.10.2020 - 20:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега