Трамп објави снимка како Афроамериканец тепа белец: Каде се сега демонстрантите? (ВИДЕО)

На социјалните мрежи во САД кружи снимка од напад во Мичиген на која се гледа како еден Афроамериканец напаѓа белец, а снимката на својот Твитер ја објавил и претседателот Доналд Трамп.

За разлика од снимката на полициското насилство врз Џорџ Флојд во Минеаполис во Минесота, чие убиство поттикна големи протести и немири ширум САД, жртвата на оваа снимка преживеала.

Меѓутоа, во овој случај напаѓачот бил црнец, а жртвата белец – поточно, продавач во трговската куќа на познатиот трговски ланец Мејсис.

Нападот се случил уште на 15 мај, а потоа снимката се проширила на социјалните мрежи, а денеска на Твитер ја споделил и американскиот претседател Доналд Трамп.

Тој ја ретвитирал објавата на Мет Волш, колумнист на американскиот десничарски портал Дејли Вајр, кој го основал политичкиот коментатор Бен Шапиро.

-Погледнете што се случува тука. Каде се демонстрантите? Дали е овој маж уапсен, напишал Трамп.

 
24.06.2020 - 09:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега