Трамп потпиша пакет помош и го присили Џенерал Моторс да произведува респиратори

Американскиот претседател Доналт Трамп потпиша пакет помош во борба против коронавирусот и се повика на Закон за воено производство од Корејската војна за да го присили Џенерал Моторс да поризведува респиратори за време на пандемијата.

Претставничкиот дом го усвои пакетот помош за да му овозможи на американското стопанство да избегне рецесија под влијание на коронавирусот.

Трамп го поддржа тој пакет, најголем некогаш усвоен во Соединетите Американки Држави со кој ќе се мобилизираат 2.000 милијарди долари. По потписот од Трамп, само неколку часа по усвојувањето во Конгресот пакетот стапи во сила.

Во однос на одлуката за производство на респиратори, Трамп вели дека ГМ губи време.

-Таа одлука ќе овозможи побрзо производство на респиратори кои ќе спасат американски животи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.03.2020 - 22:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега