Трамп за поранешниот советник Болтон и неговата книга: „Треба да биде во затвор“

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека поранешниот советник за национална безбедност, Џон Болтон, треба да заврши во затвор поради откривање на тајни информации во своите мемоари.

„Џон Болтон е шлајм кој треба да биде во затвор", напишал Трамп на Твитер. 

Трамп уште и додал дека на Болтон треба да му се конфискуваат парите поради тоа што објавил тајни информации поради профит.

Во еден од твитовите Трамп вели и дека тоа што е наведено во книгата е "лично мислење на Болтон". Својот поранешен советник го нарекол "навистина глупав".

Мемоарите на Болтон - "Собата каде се се случуваше: Мемоари од Белата куќа", книга во која случувањата во Белата куќа не се прикажани во позитивно светло, од вчера е во продажба ширум Америка. Американските власти минатата недела се обиделе преку суд да го забранат нејзиното објавување со аргументот дека Болтон објавил доверливи информации.

Судијата не ја забранил продажбата на мемоарите, иако се согласил дека Болтон ја прекршил процедурата на усогласувањето на ракописот со актуелните власти, и дека би можел да објави тајни податоци.

Пред Болтон, според судот, има две опции - или ќе се прослави со книгата и ќе заработи ако во неа нема доверливи информации, или ќе се соочи со кривична постапка ако открил тајни податоци.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.06.2020 - 12:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа