Траорна слика на Првомајска по трагедијата - Роднините на загинатите се онесвестиле

Стотици луѓе се собрани вечерва на Првомајска каде се случи страшна несреќа и загинаа две млади момчиња на лице место.

Како што јавува А1.он, сообраќајот е блокиран, собрани се и роднини на загинатите, а настраданите сеуште се на местото на несреќата каде се чека јавен обвинител.

Дел од роднините на загинатите загубиле свест од траорната слика на смачкани автомобили и мртви тела.

Момчињата според очевидци биле на возраст од 20-30 години.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.06.2019 - 23:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега