Тренчевска: Буџетот е во добра кондиција, ќе го најдеме најдоброто решение за зголемување на минималната плата

Верувам дека на  денешното продолжување  на социјалниот дијалог на Економско - социјалниот совет ќе го донесеме најсоодветното  решение, кое ќе биде прифатено од сите социјални партнери. За нас како Влада подобрувањето  на економскиот статус на работниците е врвен приоритет и минималната плата ќе биде зголемена, рече министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во денешното интервју на ТВ 24. Министерката посочи дека е оптимист и оти ќе се изнајде најдоброто решение за работниците, работодавачите и на Владата како партнери.

„Верувам дека на Економско - социјалниот совет предлогот ќе биде прифатен од сите социјални партнери.   Кога имаме конструктивен дијалог на ЕСС, секогаш доаѓаме до решение кое е најдобро за сите вклучени страни. Буџетот е во добра кондиција и секое предложено решение ќе биде поткрепено со финансии“, рече министерката Тренчевска.

Министерката Тренчевска посочи дека барањето на Сојузот на синдикатите кое го поддржуваат и другите синдикати, е реално бидејќи е согласно трошоците на живот и потрошувачката кошничка.

Синдикатите бараат 18.000 денари минимална плата или 62% од просечната плата. Организацијата на работодавачи бара донесување на минимална плата со 50% од просечната плата, Бизнис конфедерацијата на  Македонија предлага обезбедување на финансиска помош за исплата на минималната плата од буџетот на РСМ. 

07.02.2022 - 12:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа