Третина од Австријците веруваат во теории на заговор – најголем дел од нив се млади

Во Австија, во време на коронавирус, еден значаен дел од населението е отворен за разни теории на заговор.

Дури 31 отсто од Австријците веруваат во теории на заговор во врска со коронавирусот, покажува истражувањето на институтот „Маркет“.

Тие веруваат дека нешто сосема друго стои зад мерките против коронавирусот.

Освен тоа, 27 проценти не се сигурни во што да веруваат, а за 41 отсто не постои сомнеж за позадинска намера.

Упадливо најподложни на теории на заговор се младите лица, како и подржувачите на опозициските партии, пред сѐ на десничарката Слободарска партија (СПО), но и граѓанските опции како што се Неос и Социјалдемократската партија (СПО).

Кога станува збор за последиците од пандемијата, тие кои веруваат во теории на заговор се попесимисти од останатите, па сметаат дека здравствените и економските последици се тешки.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.08.2020 - 17:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега