Третиот тест на гинекологот од Битола бил негативен на корона

Гинекологот во гинеколошко-акушерската приватна болница „Плодност“ во Битола кој пред неколку дена покажа позитивни резултати на коронавирусот, на последното тестирање е негативен, информираат од болницата.

„ За радост на целото семејство, сите пет резултати кои беа земени во саботата, се негативни и сите сме во добро здравје. Минатиот понеделник, пред една недела, кај д-р Христијан Трпчевски, тестот беше негативен. Во петокот позитивен, а во саботата, кога сите се тестиравме, повторно негативен. Дали д-р Христијан Трпчевски имаше или немаше корона вирус, останува отворено прашање, за кое медицината треба да одговори. Иако фамилијарно сите сме лекари, немаме одговор на оваа состојба“, стои во соопштението на фејсбук, на профилот на болницата „Плодност„.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.03.2020 - 12:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега