Три апсења во Куманово: Возачи фатени мортус пијани

Вчера во 22:19 часот на магистрален пат А2 во Куманово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишија од слобода М.П.(40) од Куманово. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел", кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,57 промили алкохол во крвта.
На 13.09.2025 во 01:39 часот на булевар „Трета македонска ударна бригада" во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода М.М.(34) од Куманово. При контрола на патниот сообраќај, тие сопреле возило „пежо", кое го управувал и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,54 промили алкохол во крвта.
Исто така, на 13.09.2025 во 01:27 часот на улица „100" во Куманово од слобода е лишен и Ј.Т.(58) од Куманово, за кој по оизвршени проверки констатирано е дека управувал возило "пежо" со 2.66 промили алкохол во организмот.
По целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
13.09.2025 - 12:42
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа