Три дена луѓе доаѓаат во болница со труење од скопска сендвичара - на инспекторите не им работел е-маилот

Ниту дваесетина затруени не беа доволни за надлежните институции да и стават клуч на врата на познатата скопска сендвичара. Иако цели три дена во болница доаѓаат граѓани со тешки симптоми  кои тврдат јаделе во сендвичарата „Гранд Бургер“ до овој момент надлежните практично немаат направено ништо.
Пред 2 дена, првите случаи се јавиле во Токсикологија но и во Систина. Сите тврделе дека јаделе од истата сендвичара. Докторите согласно протоколите испратиле известување преку електронска пошта до надлежните институции, Центарот за јавно здравје и надлежните инспекциски служби.
И тука почнува она што се уште не е јасно, дали е класична неспособност на македонскиот здравствено – инспекциски систем или пак само обид на надлежните да го зачуваат бизнисот на некој со кој можеби имаат некакви релации.
Имено, во Центарот за јавно здравје не работела меил адресата па ти не можеле да ги добијат податоците од болниците дека доаѓаат луѓе кои се жалат дека се затруле во сендвичарата за веднаш да излезат на терен и да постапуваат. Кога меилот проработел, веќе било доцна бидејќи како што велат, сопственикот на сендвичарата можел да ги исчисти контамираните производи.
Но денеска се јавиле нови случаи затруени од истиот извор па надлежните конечно решија да излезат на терен. Но, кога дојдоа до сендвичарата во центарот на Скопје, таму ги пречека затворена врата. Сопственикот решил сам да ја затвори, а со тоа, веројатно да ја избегне и големата казна која што евентуално би требало да ја плати и да се заштити од потенцијалните тужби на потрошувачите.
Инспекторите кои денеска беа на терен, велат дека во ваква ситуација не можат да направат ништо, бидејќи без судски налог не можат да влезат во приватен имот.
Гранд Бургер има два локали во Скопје. Покрај оној на Рузвелтова, сендвичарата продава храна и во скопската населба Ново Лисиче. Денеска, на ниту еден од броевите на кои инаку се нарачуваше храна не одговара никој.

 


 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.07.2020 - 17:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа