Три “маани“ кои жените ги сакаат кај мажите

Машкиот шарм е многу тешко да се опише со зборови, но за голем “процент“ од сексапилот кој мажот го прави посебен и едноставно неодолив се “виновни“ ситниците.

Очила

Иако во детството избегнувавме момчиња кои го имаа тој “глупав“ изглед, денес очилата се еден совршен моден детаљ кој предизвикува голем интерес кај жените. Внимателно избрани очила со диоптер оставаат впечаток на искуство, зрелост и интелигенција, а тоа се карактеристики на кои ретко некоја жена може да одолее.

3-дневна брада

Кратката брада од 3 дена е вистинска мамка за припадничките на понежниот пол.

Не станува збор за брадата како таква, туку во по малку бунтовничкиот и многу лежерен изглед на мажот, кој со соодветна облека и по малку фраерски став едноставно “пука“ од сексапил.

По некое седо влакно

Анкета спроведена врз стотина жени, покажала дека повеќе од 2/3 од жените седата коса ја доживуваат како нешто многу секси. Ричард Гере своевремено го започнал ваквиот изглед, кој и денес е мамка за воздишки кај жените.

Иако денес сè повеќе мажи посегнуваат по фарба за коса за да ги прикријат првите знаци на стареење, жените попрво би избрале уредно потстрижен и просед маж, отколку вештачки изглед, кој не може да не се забележи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.02.2020 - 23:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега