Три тони кокаин запленети во Италија

Повеќе од три тони кокаин од северна Африка кој бил наменет за францускиот пазар и требало да стигне во Марсеј е запленет во Италија, соопшти денеска обвинителството во тој француски град.

Три лица се уапсени во Марсеј, а се сомничат дека требало да ја дочекаат пратката.

Заплената е вредна околу 230 милиони евра, а била сокриена во 90 вреќи во еден контејнер на брод со банани.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.02.2020 - 21:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега