Три знаци кои ќе ви покажат дали не сте омилени меѓу вработените

Кога сте на некоја од водечките позиции во компанијата, тешко е да го знаете начинот на кој другите гледаат на вас. Ако компанијата е профитабилна и работењето е стабилно, можеби сте уверени дека сте добар шеф, но во реалноста, ситуацијата може да биде сосема поинаква.

Прочитајте ги трите знаци кои би можеле да ви покажат дали сте омилени меѓу вработените:

1. Голем процент на нагли заминувања

Ако се случи врботените да си заминат набрзо по доаѓањето, причина за тоа може да бидете токму вие. Можеби причината лежи во фактот дека не сте ја ангажирале вистинската личност за тоа работно место, или вашиот начин на управување не и одговара, па својата среќа одлучила да ја најде на друго место.

2. Луѓето често приговараат

Одреден број на работници секогаш ќе приговараат дури и ако сте најдобриот шеф на светот, но ако тоа им стане секојдневна рутина на повеќето луѓе со кои секојдевно имате деловни контакти, тогаш е време да се запрашате дали можеби сте вие тој кој внесува немир и раздор меѓу колегите.

3. Вработените ве избегнуваат

Иако оставате впечаток дека сите кои сакаат можат да ви се обратат со било каков проблем (без оглед дали деловен или приватен), колку всушност вработените ја користат таа можност? Ако забележите дека вработените ве избегнуваат, тоа е најдобриот знак дека нешто не е во ред. Друг, исто така, препознатлив знак е кога вработените избегнуваат контакт со очите или меѓусебно се гледаат. Ако тоа е случај бидете уверени дека не сте им баш омилени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.08.2020 - 21:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега