Трипуновски: Багерот уште стои – Дали езерата намерно се пресушија за некој да црпи песок?

Езерото го пресушија, ама багерот стои, пишува на Фејсбук Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Во изминатиов период тој неколкупати даваше изјави на лице место покажувајќи на катастрофалната состојба во која се наоѓаат езерата во Македонија, природни и вештачки. Голем дел од нив буквално беа пресушени.

-Секако кога за профит се работи нема пречка никаква… Кој профитира од оваа работа? Дали езерата се намерно пресушени, за некој да црпи песок? Уште колку ќе ја пустошите Македонија за да трпате во џеб, прашува Трипуновски.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.11.2020 - 12:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега