Трипуновски: Преспанското езеро е повлечено и до 500 метри, ова е еколошка катастрофа

Се наоѓаме на местото каде некогаш беше Преспанското езеро, да, на местото каде што стоиме пред две години имаше вода, денес езерото е повлечено од 50 – 500 метри кон средината. Ова што се случува во Преспа, а е резултат на неспособната влада и нејзината желба за профит го загрозува животот како на луѓето, така и на целиот животински и растителен свет во Преспа и целиот Југозападен регион на Република Македонија, изјави денеска Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека нивото на езерото е опаднато за над 5 метри.

-Ова е рамно на еколошка катастрофа, а на истата сме сведоци секојдневно. Изумрена риба на бреговите, намален кислород во езерото, со што практично е загрозен целиот рибен фонд, и опасност од трајно исчезнување на езерото. Преспанското езеро е езеро кое што го полни Охридското езеро, и доколку дотурот на вода во истото е слаб, а одливот голем, може да дојде до целосно пресушување, што во моментов и практично се случува. Ова пред се е резултат на големото трошење на водата од Црни Дрим за производство на струја и големиот одлив кон Охридското езеро, но и непланското трошење на водата од Преспанското езеро. Ова е национална катастрофа, која има име и презиме – Зоран Заев. Некој за ова мора да понесе одговорност, вели Трипуновски.

Тој нагласува дека се става во крајна опасност опстанокот на езерото, опстанокот на туризмот во регионот, но и животинскиот и растителниот свет во овој регион.

-Во Република Албанија имаше и парламентарна расправа и се активираат голем број на чинители за спас на езерото, но во Република Македонија, каде се наоѓа поголемиот дел од езерото, владата молчи и дозволува тоа бавно да исчезнува и пресушува.Одговорност за ова ситуација мора да има, посочува Цветановски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.11.2020 - 10:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега