Трипуновски: Слабиот менаџмент во АХВ и МЗШВ и нивната неспособност резултира со појава на птичји грип во Македонија

Поради неажурноста и неспособноста на власта, постојано сме на удар на разни зарази во сточарството во Македонија. Слабиот менаџмент и неспособноста на раководните лица во МЗШВ и АХВ придонесоа до појава на птичји грип во земјата, изјави денеска Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение интегрален текст и видео од изјавата на Трипуновски:

Првите лабораториски анализи кои се направени на примероци на угинато животно во село Злокуќани покажуваат дека овој опасен вирус за птиците е присутен во Македонија.

Постои огромна опасност вирусот да се прошири, но и можност тој веќе да е проширен на цела територија на државата, со што ќе нанесе сериозен удар врз живинарството како една од сточарските гранки.

Станува збор за вирус, односно болест, која резултира со голема смртност кај живината.

Почитувани,

Повикуваме АХВ наместо да куца бледи соопштенија и да се правда, да спроведе добра, брза и ефикасна епидемиолошка истрага на лице место за утврдување на вратата на инфекција, и брзо носење на рестриктивни мерки од страна на Агенцијата и нивна имплементација на терен, со цел ограничување на ширењето на вирусот, односно заштита на големите живинарски капацитети ширум државата.

Ширење на болеста ќе значи ставање клуч на сите капацитети од областа на живинарството, со што оваа доходовна гранка на сточарството во Македонија ќе згасне, а илјадници семејства да се доведат до работ на егзистенција, рече Трипуновски.

 

17.02.2022 - 15:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега