Трипуновски: Владата на СДСМ врши поткуп на гласачи и плаќа фирми блиски до себе

Владата на СДСМ врши поткуп на гласачи и плаќа фирми блиски до себе, со народни пари, преку ЈП „Македонски шуми“, обвини во денешното обраќање дополнителниот заменик-министер за земјоделство, Цветан Трипуновски.

Според него, јавното претпријатие во државна сопственост преку неколку тендерски постапки во висина од 8,5 милиони евра врши најбрутален поткуп пред избори.

„Кога ќе ја отвориме листата на фирми, добитници на тендерот, ќе видиме фирми на лица блиски до власта. Имено, над 3 милиони и 149 илјади денари добила делчевската фирма ‘Алпин ком’, сопственост на браќата Ѕвонко и Миле Лазаревски“, посочи Трипуновски, кој додаде дека Ѕвонко Лазаревски е говорник на партиски митинзи на СДСМ во Делчево.

„Тајсон“ ДООЕЛ на Кирчо Витанов од село Пиперево, општина Василево, фирма регистрирана годинава, го добива тендерот во Струмица во висина од 1 милион и 965 илјади денари. Витанов е близок роднина на пратеничката Катерина Кузмановска и фамилијарно близок пријател на пратеникот од Пиперево, Сашко Атанасов. Дали неговата блискост и врски со функционерите на СДСМ му помогнале на Витанов – сопственик на новоформирана фирма, да добие тендер од ЈП „Македонски шуми“ и притоа да декласира фирми со долгогодишно работење во шумарството од тој регион“, јавно запраша дополнителниот заменик-министер за земјоделство, кој нагласи дека за овој случај дополнително ќе бидат објавени и други лица блиски до власта.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.06.2020 - 14:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега