Трипуновски: Заеви се влезени во бизнисот со тутун и им одговара ниска откупна цена на тутунот, затоа нема решение

Нема крај на лагите на Зоран Заев. Тутунарите се излажани по трет пат. Нема решение за ниската откупна цена и слабиот откуп на тутун. Власта е виновна за ситуацијата затоа што дозволи увоз на тутун во Република Македонија. Тоа влијаеше цената да падне, и истата воопшто да не е рентабилна за нашите тутунари, изјави денеска за медиумите, Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Заеви се влезени во тутунскиот бизнис и затоа им одговара ниска цена. Помалку за тутунарите, повеќе за Заеви.
Заев намерно одолговлекува и не сака да се дојде до решение. Заев да сакаше да го реши проблемот со моменталниот откуп на тутун ќе ја зголемеше субвенцијата, вели тој.

-Доколку Заев сака да им помогне треба да ги прифати нашите предлози:
1. Зголемување на субвенцијата за тутун 100 %, односно од сегашните 60, 70 и 80 денари субвенцијата да биде 120 денари за трета и четврта класа, 140 за втора и 160 денари за прва категорија тутун, со што ќе се надомести разликата која што во моментот им се случува на тутунарите. Пари за оваа намена има доколку им се скрати од непродуктивните трошења и луксузи кои што си ги изгласа во Буџетот за 2021 година.
2. Државата да интервенира со обезбедување пари и преку Тутунскиот комбинат „Прилеп“ да го откупи вишокот тутун до последното ливче.
3. Под итна постапка да се измени Законот за тутунот и да се врати старото законско решение каде што е забрането увоз на тутун во Република Македонија.
4. Инспекторите од Државниот земјоделски инспекторат секојдневно да бидат распоредени на откупните места со што ќе го следат текот и откупот на тутун, истакна Трипуновски.

– Заев купува време со цел да го сузбие незадоволството на тутунарите и преку закани и уцени сака да ги замолчи.
Додека се расфрла со пари за се и сешто, за тутунарите нема пари. Заев свесно носи глад и незадоволство помеѓу македонските тутунари, додаде тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.12.2020 - 11:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега