Трипуновски: Жетвата почна, а цената на пченицата се уште не е дефинирана!

Се наоѓаме речиси на прагот односно жетвата на пченицата е веќе почната, а од она што го добивам како информација и како поплака од земјоделците ширум Р. Македонија цена за пченицата се уште не е дефинирана, изјави денеска дополнителниот замаеник министер за ЗШМВ Цветан Типуновски.

Ја користам оваа прилика да упатам сериозен апел до владата на Зоран Заев во заминување да последните денови од својот мандат ги искористи да седне на заедничка маса и со откупувачите и со земјоделците за да се дефинира цената на пченицата како една од стратешките култури во Република Македонија.

Знаеме дека оваа година имаме најмала засеана површина затоа што изминативе години земјоделците се соочија со нерентабилно производство односно државата со сите оние мерки и проекти кои што требаше да ги спроведе едноставно не ги спроведе.

Затоа годинава имаме најмало количество на пченица кое што ќе биде ожнеено. Исто така сакам да упатам до владата на Зоран Заев последниве денови од нивниот мандат да ги употреби сите законски надлежности да се најдат соодветни мерки и решенија затоа што пченицата како стратешка култура не треба да биде во изумирање.

Исто така апелирам и до Државниот земјоделски инспекторат како надлежна институција за контрола на терен да излезе на терен по откупните пунктови се со цел да провери дали одредбите од законот за земјоделство и рурален развој се спроведуваат.

Таа институција е битен елемент затоа што таа ќе биде гарант дека трудот на македонскиот земјоделец нема да биде потценет. Исто така е користам оваа прилика и свесен сум дека од ова јас што апелирам владата на Заев и на ресорниот министер Димковски нема да превземаат никаква активност затоа што ако сакаа досега ќе најдеа начин и можност да седнат на заедничка маса и да го договараат производството односно откупот на пченицата.

Сакам да упатам до сите земјоделци ширум Р. Македонија кои што произведуваат пченица дека за брзо време јас лично односно ВМРО – ДПМНЕ како нова влада која што ќе функционира во Р. Македонија ќе излеземе со сет на мерки дел кои што се предвидени согласно закон за земјоделство и рурален развој и дел како надлежност на министерството се со цел да го компензираме губитокот на производството на пченица затоа што тоа е наша стратешка култура. Тука ќе посветиме сериозен момент на помош затоа што треба да оваа година заврши со едно рентабилно производство се со цел да стимулираме и во наредната година да имаме зголемено наместо намалено производство на пченица, порача Трипуновски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.07.2020 - 14:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега