Трипуновски: Зоран Заев го доведе Тиквешко езеро на праг на биолошки минимум

Зоран Заев го доведува Тиквешкото езеро, кое е најголемото вештачко езеро во Република Македонија на праг на биолошки минимум. Незаситноста на власта за профит и засиленото производството на електрична енергија во текот на летниот период од хидро електрани ги пресуши езерата ширум Република Македонија. Моментално водата во езерото е падната за 24 метри од минималната кота на самото езерото, изјави Цветан Трипуновски за медиумите.

– Проблемот што Заев го создаде е повеќестран. Прво езерата се пресушени и нема да може да се користат во догледен период за производство на струја, па така сега ќе купуваме поскапа струја, а загубите ќе бидат огромни.

Второ голем број од акумулациите, како што е случајот и со Тиквешкото езеро се користат и за наводнување на земјоделските површини, па така се доведува во прашање и следната земјоделска сезона во Република Македонија, вели тој.

– Трето се загрозува и рибниот фонд во самото езеро и се нарушува туристичката слика за езерото, бидејќи истото се користи и за рекреативни цели. За овој егзодус некој мора да сноси одговорност. Штетите се повеќекратни и огромни. Заради профитот на Зоран Заев сега сите езера во Македонија се пресушени. Одговорност мора да има веднаш, дециден е Трипуновски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.11.2020 - 11:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега