Тројца скопјани и еден тетовец уапсени откако кај нив била пронајдена дрога

Четири лица биле уапсени на територијата на Македонија вчера, откако кај нив била пронајдена дрога, информира МВР.

На 18.01.2020 во 20.45 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода А.А.(22) од с.Јеловјане, тетовско, и Г.Ј.(19) од с.Урвич, тетовско, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вчера во 21:20 часот на ул.„Шидска“, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.А.(27) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Истиот ден во 22:45 часот на бул.„Партизански одреди“, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода В.С.(21) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 18.01.2020 во 00.50 часот на ул.„Женевска“, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 16-годишен малолетник од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.01.2020 - 11:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега