Тупураинен: Северна Македонија дури и си го смени името, ЕУ мора да ги исполни очекувањата

Финската министерка за надворешни работи, Тити Тупураинен по завршувањето на денешните безуспешни разговори за одлука за почнување преговори со Македонија и Албанија, рече дека земјите вложиле многу, а Северна Македонија дури и си го смени името.

 

-Сакам да нагласам дека ЕУ мора да ги исполни очекувањата. Земјите вложија многу, особено Северна Македонија која дури и си го смени името. Ние многу го почитуваме тоа и затоа сега Европа мора да одговори соодветно, рече Тупураинен.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.10.2019 - 19:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега