Турски државјанин уапсен на аеродромот во Охрид

Турски државјанин вчера бил уапсен на охридскиот аеродром поради сомнение дека има фалсификувани документи.

-Вчера во 09.30 часот на Аеродром „Св.Апостол Павле“ во Охрид бил приведен Т.С.(44) од Р.Турција и против него била поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. Според пријавеното, тој се обидел да излезе од Р.С.Македонија со турска службена патна исправа, за која било утврдено дека е фалсификувана- соопшти МВР.

За настанот е известен јавен обвинител.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.09.2019 - 11:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега