Тутунарите од струмилко на протест- бараат повисоки откупни цени

 Незадоволни од откупните цени и проценката на тутунот денеска тутунари од село Градашорци со мирен протест пред откупен пунт во селото побараа повисоки откупни цени и укинување на четвртата класа.

Тутунопроизводителите велат дека лошо почнал годинашниот откуп и покрај барањата за повисоки цени и укинување на четвртата класа, побараа од откупувачите да се откупи и вишокот производство.

-Бараме помош од државата да нема четврта класа при проценката на тутунот и да се откупат и количините кои не се договорени преку евидентните листови, рекоа тутунари од село Градашорци.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа, по денешната средба со тутунопроизводителите и откупувачите, рече дека се размислува за укинување на четвртата класа, која за министерот билa нелогично да постои. Тој најави дека во наредните денови ќе се разгледуваат правните можности за укинување на оваа класа и доколку се донесе таква одлука, тогаш и просечната откупна цена ќе се зголеми и ќе се задоволат барањата на производителите на тутун.

Хоџа додаде дека договорените количини тутун ќе се откупат, а од откупните компании имало најави дека и вишокот на производство ќе биде откупен.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.12.2020 - 14:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа