ТВ 24: Ковачевски и Ахмети на тајна средба го убедувале Гаши дека Алијанса мора да влезе во владата

Димитар Ковачевски и Али Ахмети на тајна средба на Илинденска ББ го убедувале Африм Гаши дека Алијанса за Албанците на Арбен Таравари мора да влезе во владата, јавува ТВ 24.

Како што пишува телевизијата, повикувајќи се на висок извор од Алтернатива на Гаши, тој им порачал СДСМ и ДУИ да дадат министерства за влезот на Таравари во владата.

Состанокот се случил завчера во кабинетот на Ковачевски. Гаши прашал која е потребата од влезот на АА и им повторил  на тие што им гори и што имаат проблеми, тие треба да отстапат министерство.

Според истиот функционер, тој ги потсетил коалициските партнери дека токму тој и Алтернатива кога било најгусто ја спасиле Владата на сметка ан нивниот рејтинг, но и дека дел  од нивниот договор се уште не го исполниле и дека се уште 15 договорени кадровски решенија на Алтернатива, Ковачевски не ги поставил.

Ковачевски го убедувал Гаши дека единствена причина за влегувањето на АА во владата е нефункционалното Собрание и неможноста мнозинството да обезбеди кворум речиси цел месец.

26.01.2023 - 14:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега